Соларниот систем луксуз за граѓаните

Bez autora
Mar 07 2011

Голем број граѓани знаат за предностите од сончевите колектори и сакаат да ја користат бесплатната енергија од сонцето за добивање топла вода. Меѓутоа за најголем дел од нив тоа е голема инвестиција, која со сегашниов стандард не можат да си ја дозволат. Велат дека ако би имале можности, веднаш би ги инсталирале колекторите, чија цена се движи од 500 до 1.000 евра. Според истражувањата на Центарот за енергетска ефикасност, и покрај тоа што во земјава, над 80 проценти од граѓаните се заинтересирани да постават сончев колектор, сепак само 5 проценти го имаат инсталирано на својот покрив. Експертите препорачуваат дека растечката цена на електричната енергија ги прави колекторите исплатлива инвестиција, иако ќе треба да поминат 6-7 години за да се вратат вложените пари. Основата на користењето на овие сончеви колектори е да има влијание врз домашниот буџет, да се намалат трошоците за електрична енергија.

Соларниот систем луксуз за граѓанитеГолем број граѓани знаат за предностите од сончевите колектори и сакаат да ја користат бесплатната енергија од сонцето за добивање топла вода.

Меѓутоа за најголем дел од нив тоа е голема инвестиција, која со сегашниов стандард не можат да си ја дозволат. Велат дека ако би имале можности, веднаш би ги инсталирале колекторите, чија цена се движи од 500 до 1.000 евра.

Според истражувањата на Центарот за енергетска ефикасност, и покрај тоа што во земјава, над 80 проценти од граѓаните се заинтересирани да постават сончев колектор, сепак само 5 проценти го имаат инсталирано на својот покрив.

Експертите препорачуваат дека растечката цена на електричната енергија ги прави колекторите исплатлива инвестиција, иако ќе треба да поминат 6-7 години за да се вратат вложените пари.

- Основата на користењето на овие сончеви колектори е да има влијание врз домашниот буџет, да се намалат трошоците за електрична енергија. Кога ќе се отвори пазарот за електрична енергија 2015 година, цената на струјата сигурно ќе се зголеми. Тогаш ќе се види дека е умно да се инвестира во систем за производство на топла вода - велат експертите.

Според нив, државата треба да ги поттикне граѓаните да го користат сонцето како извор на енергија.

- Колку повеќе се изградат вакви системи, толку поголема ќе биде и користа за државата, зашто би се намалила зависноста од увоз на енергенси - објаснуваат експертите.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik